Јавното обвинителство на Египет одлучи да бидат ослободени 116-те студенти, кои беа уапсени за учество протести кои не беа одобрени од властите.
– Сакаме тие да продолжат со учење и да бидат образовани, изјави египетскиот јавен обвинител, Хашим Баракат.
Според него, Обвинителството извршило детална истрага и го определила степенот на учество на секој од студентите во протестите.
Регионални набљудувачи наведуваат дека одлуката за ослободување на студентите е донесена во момент кога се водат дискусии околу претстојните измени во Законот за право на мирни собири, манифестации и протести на јавни места, кој беше усвоен во ноември 2013 година.
Главна одредба во него е забраната за било какви настани кои не се дозволени од властите, за што се предвидени апсења и парични казни.