Рахој: Стремежот кон независност го урива европскиот дух

Од:

Стремежот кон независност на Шкотска, како и на Каталонија го урива европскиот дух, кој е насочен кон интеграција на државите, а не кон поделби, предупреди денеска шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Според Рахој, „сите во Европа“ ги сметаат овие процеси за исклучително негативни од економска гледна точка.

Мадрид ја следи со големо внимание ситуацијата во Шкотска, со оглед на тоа што една од најбогатите шпански области Каталонија исто така сака да организира на 9 ноември референдум за отепување од Шпанија.

– Независниста на Шкотска би била катастрофа за неа и за Европа, со оглед на тоа што ќе доведе до балканизација на европските процеси, изјави денеска во Парламентот шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Гарсија Маргаљо.

Тој ги отфрли споредбите на процесите во Каталонија и Баскија со процесите во Шкотска и нагласи дека шкотскиот референдум е можен со британското законодавство и тоа е исклучок во Европа.

За разлика од британската Влада, шпанските власти категорично се противат на референдумот во Каталонија, кои според нив, не е во согласност со уставната забрана областите самостојно да решаваат за својата иднина.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата