„Исламска држава“ во видео клип ги предупредува САД

Од:

„Исламска држава“ вчера објави видео клип во кој предупредува дека борците од радикалната група очекуваат да влезат во судир со американските војници, кои евентуално ќе бидат испратени во Ирак.

Видео материјалот од 52 секунди со наслов „Пламенот на војната“ покажува како исламистите креваат тенкови во воздух, ранети американски војници и други, кои според нив ќе бидат убиени.

Има кадар со претседателот на САД Барак Обама, кој декларира дека пешадиски единици нема да бидат испраќани во Ирак. Клипот завршува со текстот „битката започна“.

Записот веројатно е одговор на изјавата на претседателот на Советот на здружените генералштабови на Вооружените сили на САД генерал Мартин Демпси, ако досегашната  стратегија на воздушни напади врз исламисти во Ирак не доведе до успех, тој би препорачал испраќање на американски копнени единици во земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа