Македонскиот препев на „Демонот“ меѓу 13 светски јазици

Од:

Македонски препев на поемата „Демонот“ од Михаил Јурјевич Лермонтов е објавен во луксузното издание на реномираната издавачка куќа „Рудимно“, издадено по повод 200 годни од раѓањето на овој истакнат руски поет, наследник на Александар Пушкин.

Покрај на македонски јазик, „Демонот“ во изданието е преведен и на 12 други јазици:  англиски, бугарски, унгарски, грчки, шпански, италијански, литвански, германски, полски, словенечки, француски и шведски јазик.

Македонскиот препев на ова врвно дело на Лермонтов го направи поетот и преведувач на руската поезија Ефтим Клетников. За објавувањето на македонскиот препев во луксузното издание е заслужна Олга Панкина, руска писателка и преведувачка, која ја промовира македонската литература и култура во Русија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска