Училиштата и амбасадите во Франција во петок затворени

Од:

Француските амбасади и училиштата во 20 земји нема да работаат во петок, на денот на големата молитва за муслиманите, од “предпазливост” поради објавувањето на карикатурата на Мухамед во еден француски неделник, соопшти денеска министерството за надворешни работи на Франција.

“Како мерка на претпазливост, амбасадите конзулатите, културните центри и училиштата ќе бидат затворени во дваесетина земји”, рече за Франс прес неименуван претставник од министерството и прецизира дека за сега “нема докажани закани за која било установа”.

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус претходно соопшти дека Франција презела “одредени мерки на претпазливост” поради заштита на своите амбасади,после објавувањето на карикатурите.

“Издадов упатства секаде во земјата каде што тоа може да претставува проблем,да се превземат безбедносни мерки за предпазливост”, рече Фабиус на радио Франс инфо и додаде дека е “загрижен”.

На сајтот на франциуското министерство за надворешни работи на патниците им советува “најголема можна внимателност”,имајќи ги во предвид “актуелните проблеми” во муслиманскиот свет.

“Силно се препорачува одбегнување на собири, избегнување на улични протести и близина на осетливи институции (представништва на западни земји, верски објекти)”, пишува во денеска освежената рубрика “совети за патниците”.

Во Пакистан, француските државјани добија СМС порака во која се наведува: “зголемена е заканата за францускатата заедница и интересите после денешното објавување на карикатурата во (Шарли Ебдо). Се советува зголемена претпазливост”.

Францускиот неделник денеска објави карикатури на пророкот, после еднонеделните протести во арапско-муслиманските земји поради антиисламскиот филм снимен во САД. Во немирите на тие протести убиени се десетици луѓе,вклучувајќи го и американсјиот амбасадор во Либија Кристофер Стивенс.

Фабиус оцени дека во моменталниот “контекст”, со објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед се додава “масло во огнот”.

“Во Франција, принцип е слобода на изразување и таа не смее да се загрозува. Сегашниот контекст, имајќи го во предвид тој имбецилен, апсурден филм кој е емитуван, присутна е осетливост во многу муслимански земји. Дали е релевантно и мудро додавање масло на огнот? Мојот одговор е не”, рече шефот на француската дипломатија.”Потребно е да се пронајде рамнотежа”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата