Награди за Драмски театар-Скопје на ФИАТ во Подгорица

Од:

Драмскиот театар од Скопје доби награди на меѓународниот театарски фестивал ФИАТ во Подгорица.

– Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Дејан Пројковски, за претставата „Хамлет“, во продукција на Драмски театар Скопје, и за „Опасни врски“ во продукција на театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург. Наградата за најдобар актер ја доби актерот Дејан Лилиќ, за ликот на Хамлет во истоимената претстава. Исто така, претставата „Опасни врски“ во режија на Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобро актерско остварување во целост, соопшти Драмски театар-Скопје.

Фестивалот на интернационален алтернативен театар (ФИАТ) постои од 1982 година, најпрво како ДОДЕСТ фестивал.

– Низ годините на овој фестивал гостувале многу значајни театарски дејци и продукции што го ставаат овој фестивал на ранг со БИТЕФ во Белград или МОТ во Скопје. Токму затоа учеството, и уште повеќе добиените награди, ни се особено драги, информира Драмски театар.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар