Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни

Од:

Со одење по жица на акробатотот Крис Бул пред Веро – центарот започнува седмото идание на „Баскерфест“.

Скопје ќе биде домаќин на на 30 артисти и 20 музичари кои првпат учествуваат на фестивалот и според најавите на организаторот „One Way“, ќе и овозможат на публиката комплетно нови досега невидени перформанси: Акробатски настапи, познати брејк денсери кои настапуваат на шоута на Џеј Лено, магионичари, танчери, жонглери и уметници од Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Боливија.
Програмата ќе ја надополнат и музички бендови.

Програмата на фестивалот ќе стартува од 18 часот и ќе трае до 02 часот по полоноќ во текот на работните денови, а за време на викендите и до 03 часот по полноќ.

Во рамки на Баскерфест ќе биде отворена Пиво градината, која ќе се наоѓа на самиот плоштад.

Би можело да ве интересира

Во Велес по петти пат „Баскерфест“

Наум Локоски

Баскерфест и Гурмански викенд во Кавадарци

Емир Латифовиќ

Почна Баскерфест 2016

Започнува Баскерфест

Утре почнува 10. „Баскерфест“

Емир Латифовиќ

Утре започнува БАСКЕРФЕСТ во Скопје

Емир Латифовиќ