Резултатите од истражувањето на црниот пазар ширум планетава, кое што го спроведе „Havok Skoup” покажуваат дека САД се убедливо на првото место со 625.63 милијарди долари.
Зад нив следат Кина и Мексико со 261 и 126 милијарди долари, потоа Шпанија со 124.06, Италија и Јапонија со 111 и 108 милијарди долари, па Канада, Индија, Велика Британија и на крај Русија со 49.04 милијарди долари.
Што се однесува до производите кои што се најпрофитабилни на црниот пазар, на прво место се наркотиците, проституцијата и електрониката, кои чинат околу 355 милијарди долари.
Само марихуаната чини 141 милијарди долари, кокаинот 80, а хероинот 68 милијарди. Коцкањето исто така е доста профитабилно, односно носи околу 140 милијарди долари.
Според „Havok Skoup“, вкупната вредност на сите црни пазари на светот е 1.81 трилиони долари, а судејќи според се цифрата само ќе продолжи да се зголемува.
Е. Г.