Умерен земјотрес го погоди источниот дел на Јапонија

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска источниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е објавено предупредување за цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал во префектурата Ибараки, 44 километри североисточно од Токио, на длабочина од околу 50 километри под површината на земјата.

Јапонската атомска корпорација и Токиската компанија за електрична енергија (Тепко) не пријавиле никакви проблеми во своите три нуклеарни постројки во источниот дел од земјата.

Земјотресите се честа појава во Јапонија, бидејќи земјата се наоѓа во една од сеизмолошки најактивните области во светот.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови