САД извршија први поинтензивни воздушни напади врз позиции на ИД

Од:

Американските воздушни сили синоќа извршија воздушни напади врз позиции на екстремисти на групата „Исламска држава“ во близина на ирачкиот главен град Багдад.

Нападите претставуваат почеток на поинтензивни активности против борци на „Исламска држава“ во Ирак, објави Ен-Би-Си, повикувајќи се на извор во Пентагон.

Целта на нападите била да се биде поддршка на ирачките сили за безбедност. Друг напад врз позиции на џихадсти е извршен во близина на планината Синџар, пренесува Ен-Би-Си.

Според американските медиуми САД и досега вршеле напади врз позиции на Исламска држава во Ирак, но целта била да се спречи офанзивата на групата, додека сегашните напади имаат поинтензивен карактер и не се одговор на нападите на ИД во Ирак.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија