Протокол за стипендии за Сити колеџот во Солун

Од:

Во Скопје денеска ќе биде потпишан Протокол за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за академската 2014/2015 година за „Сити Колеџот“ во Солун.

Протоколот ќе го потпишат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванoв, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Јоанис Верверидис директор на „Сити колеџ“, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, лоциран во Солун.

Годинава ќе бидат доделени 20 стипендии за студии од втор циклус на Извршната програма за бизнис и администрација.

Стипендиите традиционално ги обезбедуваат Претседателот на Република Македонија, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и “Сити Колеџот“ од Солун.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование