Собранието ќе ја продолжи 15. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 15. седница на која треба да е гласа за Предлог законот за заштита и благосостојба на животните во прво читање, за кој расправата заврши вчера.

Пратениците, меѓудругото, ќе расправаат за измените на Законот за нуспроизводи од животинско потекло на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, сите во прво читање.

На дневен ред се и измените на Законот за јавно здравје, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, како и на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите, истотака, во прво читање.

По скратена постапка на дневен ред на 15. седница се дополнувањето на Законот за Владата на Република Македонија, измените на Законот за јавен долг и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Во рамки на седницата ќе се расправа и за Предлог измените на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009 – 2019 и Предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието