(ВИДЕО) Столе Попов: Црвениот тепих беше селска модна ревија

Од:

Отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ е селска приредба, одвратна и малограѓанска, а црвениот тепих бeше селска модна ревија, изјави револтирано режисерот Столе Попов на тензичната прес-конференција која се одржа по премиерата на филмот „До балчак”.

Тој рече дека бил изреволтиран бидејќи сите гости биле пречекани како што доликува, а него не го пречекал никој и не го преставил пред филмската ѕвезда Жулиет Бинош.

– Јас влегов, доаѓајќи по црвениот тепих, но бев фрапантно изненаден дека јас како Столе Попов не наидов на едно пристојно „добредојде“ што некој ќе ми го каже на една пригода како што е свечено отворање. Како поканет со свој филм за да го увелича овој фестивал, пристојно беше некој да ме пречека. Точно е дека влегов внатре и гледав на големиот екран во салата како камерите регистрираат една мала селска приредба, според мене малограѓанска до крај – изјави Попов.

На ваквото негово излагање бурно реагираше директорката на фестивалот „Браќа Манаки“ Лабина Митевска која го замоли Попов да не го навредува фестивалот и побара достоинствено однесување. На репликата на Митевска возврати и Попов.

– Јас сум дојден на фестивал на камера, а не некој да ми покажува какви чорачиња и фустанчиња има. Мислев дека сум ја погрешил адресата, можеби требаше да одам на некоја модна ревија. Не можам јас да чекам час и половина модна ревија, нема поента целата таа работа – рече Попов.

По завршувањето на бурната прес – конференцијата наменета за новинарите, директорката Лабина Митевска излезе со соопштение до медиумите, во кое го окарактеризира односот на Столе Попов како неправеден и недоличен, велејќи дека ниту еден светски фестивал, како што се труди да биде „Браќа Манаки“ не бил на тој начин навредуван од гостите.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар