Ристовски: Ја почитуваме одлуката за штрајк, но треба да ги обезбедиме сите услови за редовно образование

Од:

Македонија е демократска земја и во неа секој може да одлучи да штрајкува. Апсолутно не можам да ја квалификувам на еден или друг начин одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска беше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

– Тоа е нивна одлука и ја почитуваме, но истовремено како одговорни институции на системот да ги овозможиме и обезбедиме сите услови за непречено одвивање на наставата, со оглед на тоа што овој тип на штрајк ќе има директна рефлексија доколку нема обезбедени услови за редовен процес на образование, односно редовен тек на процесот на образованието и ќе има рефлексија врз децата и на голем број семејства во Република Македонија, изјави Ристовски по вчерашната одлука на СОНК за почеток на штрајк на 29 септември.

Прашан дали тоа значи дека Министерството веќе ја подготвува листата за замена на наставниците кои ќе штрајкуваат, Ристовски одговори дека во услови кога има штрајк треба да им се гарантира правото на штрајк на наставниците штрајкувачи.

– Тие можат дури и подолго од вообичаено да штрајкуваат, но истовремено ние ќе ги започнеме сите подготовки во услови, кога нормално ќе се констатира колкава е потребата за периодична замена на наставниците, односно да бидат ангажирани наставници со кои нема да запре образовниот процес, односно ќе се потрудиме да овозможиме континуитет, така што нема негативни влијанија врз учениците и семејствата, додаде Ристовски.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март