Контроли за мотоциклистите во Гостиварско

Од:

Во рамки на планираните превентивно-репресивни активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот, викендот што измина во Гостивар е спроведена уште една од серијата акциски контроли, со која се опфатени моторциклистите, односно како и колку тие ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролите на триесетина моторциклисти, биле констатирани 21 прекршок, информира денеска Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.Десет од нив управувале без возачка дозвола или потврда, двајца без валидна регистрација, шест лица управувале без заштитни кациги, а констатирани се и 3 други прекршоци.

– На сите прекршители, изготвени и врачени им се петнаесет платни налози и шест покани за наплата на глоба. Петнаесет моторцикли веднаш се исклучени од сообраќај. Засилените контроли ќе продолжат до крајот на овој месец.Посебно внимание ќе му биде посветено на пребрзото возење, управувањето под дејство на алкохол и недавањето првенство по гостиварските улици, но и на околните регионални и локални патишта, рече Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Годинава, заклучно со денеска, на подрачјето на Гостивар и Гостиварско вкупно регистрирани се 209 сообраќајни несреќи. Најмногу од несреќите се случиле на градските улици и на магистралата Гостивар-Кичево. Најчеста причина е неприлагодена брзина според условите на патот.
Во овој период реализирани се над 4.000 контроли, во кои учествувале, односно ги спровеле службеници на гостиварското Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај. Во изминатите осум и пол месеци од годинава, изготвени и врачени се 1.312 платни налози и 1.529 покани за наплата на глоба.

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода