Бајрон Шленкер (46) од Њујорк влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек со најширок јазик во светот – дури 8,6 сантиметри.
На мерење на јазикот го наговорила ќерката, која ги видела податоците во Гинисовата книга на рекорди од 2012 година кога рекордот го држеше Австралијанецот, Џеј Слот чиј јазик бил широк 7,9 сантиметри.
– Јазикот е мускул, како и секој друг може и да порасне. Среќен сум што можам воопшто да дишам со вака голем јазик, рече Бајрон.