А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Викендов 27 сообраќајки на подрачјето на Скопје

by А1он15/09/2014 - 09:34157
Share0

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во петокот, на 12 септември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица и тоа еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден велосипедист.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е и една незгода со мала материјална штета во којашто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во сабота, на 13 септември, извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, седум е со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет возачи на патничко моторно возило, еден пешак и двајца сопатници.

Следете a1on на Youtube YouTube

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 15 часот и 50 минути на крстосницата на автопатот Скопје – Тетово во која учествувале две патнички моторни возила „ауди“ и „БМВ“ со гостиварски регистарски таблички, управувани од граѓани на Гостивар. Од незгодата две лица се здобиле со повреди, едното со потешки, а другото со полесни телесни повреди.

Во недела, 14 септември, извршен е увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 32 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 65 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 21 возач се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шест возачи не отстапиле првенство на минување на обележан пешачки премин, 18 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 73 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 58 возачи на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе започне со превентивни активности, односно реализација на едукативни предавања на учениците од второ и четврто одделение во основното училишта „11 Октомври“ на подрачјето на општина Центар.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

skopje

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 21:38

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 19:15

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 15:55

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 14:13

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 07:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео