Скопје домаќин на Регионален форум за интернет владеење 2014

Од:

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Скопје ќе се одржи Регионален форум за интернет владеење 2014.

Како што соопшти МИОА, цел на форумот е промовирање на придобивките од информациско-комуникациските технологии, споделување иницијативи и политики во однос на интернет владеењето, како и развој на платформа за иницирање регионални активности на ова поле.

На собирот ќе учествуваат министри и високи владини претставници надлежни за креирање политики за развој на информатичко општество од земјите од регионот, како и претставници на невладиниот сектор, што, се наведува, претставува можност за промовирање на регионална соработка во оваа област.

Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ИЦАНН), Фади Шехаде.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад