Концерт на барокна музика во Скопје

Од:

Во Католичката црква „Свето Исусово срце“, денеска ќе биде одржан концерт на барокна музика на кој ќе настапат уметниците од Белград, (Србија), Данило Новаковиќ, барокна виолина и Лана Јеленковиќ, оргули.

На програмата ќе бидат изведени дела од Палестрина, Бибер, Телеман, Букстехуде, Матеис, Бах и Хендл.

Концертот е во рамките на Интернационалниот фестивал на класична музика, Интерфест-Битола, а се одржува во Скопје заради постигнување автентичност на изведбата на акустички оргули кои единствено се наоѓаат во Католичката црква во Скопје.

Данило Новаковиќ дипломирал виолина на ФМУ Белград, а магистрирал на Конзерваториумот во Ротердам во класата на Б. Шамир. Во 2005 стекнува Диплома на барокна виолина во Утрехт, Холандија, во класата на А. Лохман. Концертира во Холандија, Србија, Македонија, Германија, Шпанија, Грција.

Настапува како солист со Македонска филхармонија, Симфониски оркестар на Хаг, Камерен оркестар на Конзерваториумот во Ротердам.

Лана Јеленковиќ дипломирала оргули на ФМУ Белград и магистрирала во Вицбург, Германија, во класата на Кристоф Босерт со Диплома на концертен уметник, а потоа ги завршила мастер студиите Орган Еџперт на Факултетот во Тросинген и Тор Вергата во Рим.

Настапувала во Србија, Германија, Италија, Грција, Словенија, Франција. 

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска