Жичницата на Водно почнува со работа

Од:

Владата ја укина забраната за движење низ шумите која што требаше да важи до 30-ти септември оваа година, соопшти денска портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Со укинување на забраната ќе бидат отворени патиштата до сите шуми низ Македонија, вклучително и Парк шумата Водно.

Паралелно почнува со работа и жичницата на Водно која траекторира до Милениумскиот крст, а која досега беше надвор од употреба.

„Забраната беше донесена како мерка за превенција и заштита од појава на пожари, а причините за укинување се промената на климатските околности и исчезнување на опасноста“, изјави Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Во амбуланта почина 36-годишна жена од скопско Кадино

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски