МВР со нови детали и пријави за акцијата „Гора“

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска ќе соопшти нови детали за акцијата „Гора“ што почна во јуни годинава со цел сузбивање на криминалот поврзан со нелегална сеча на дрва, пустошење на шумите и нелегална трговија со дрвна маса.

Во акцијата досега се запленети над 1.000 метри кубни огревно дрво, извршени се контроли во 245 легални складови за дрва, а поради утврдени неправилности 49 складови се затворени. Извршена е и контрола на 31 правно лице лиценцирано за издавање одобренија за сеча на приватна шума, при што кај 21 субјект се утврдени неправилности во работењето.

Против непочитување на законот поднесени се повеќе прекршочни и кривични пријави против правни и физички лица.

Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Државниот инспекторат за шумарство, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски