Крис Менџис пристигна во Битола

Од:

Кинематографот Крис Менџис денеска пристигна во Битола каде што ќе му биде врачена наградата за животно дело „Златна камера 300“.

Британецот во Битола дојде со неговата сопруга Џудит Ан Менџис и до среда ќе биде специјален гостин на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Во вторник во малата сала на Центарот за култура, Менџис ќе одржи и мастер час.

Покрај него, во Битола се очекува да пристигнат и оскаровката Жулиет Бинош и кинематографот Лука Бигаци. Французинката во Битола пристигнува од Торонто, а Бигаци доаѓа директно од Лондон.

ИФФК „Браќа Манаки“-Битола почнува утревечер и првпат годинава ќе бидат поставени три црвени теписи, за тројцата оскаровци Бинош, Менџис и Бигаци.

Фестивалот се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар