Антиќ се откажува од репрезентацијата?

Од:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ најавил повлекување од црвено-жолтиот дрес, разочаран од пишувањата на одредени македонски медиуми и од реакциите на фановите на социјалните мрежи.

По објавувањето на видеото на кое тој изјави дека доаѓа од ФИРОМ тој се најде на отсрел кај македонските фанови.

Иако Македонија во ФИБА е примена под привремената референца и тоа мора да се почитува од екипите, кошаркарите и од Федерациите во сите натпреварувања, сепак поголем дел од кошаркарската јавност го осуди Перо како предавник на нацијата, недоволно информирана и без да ги знае причините зошто Антиќ го изјавил тоа.

По освојувањето на европската круна Антиќ се фотографираше заедно со својот соиграч, Гркот Василис Спанулис заедно со македонското знаме, но тоа не беше доволно да го смени мислењето кај Македонците.

Потоа се појави видео во кое потенцира дека бил принуден да каже ФИРОМ и на крајот им порача на сите кои му мислат лошо да умрат, што предизвика нова лавина критики и негодувања.

Се шпекулира дека тој веќе разговарал со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски и го најавил своето повлекување.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ