Кери: САД не се во војна со Исламската држава

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД не се во војна со џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Во разговор за Си-Ен-Ен, Кери истакна дека не станува збор за војна, туку за антитерористичка операција, па таа ќе трае определено време, додека не бидат исполнети нејзините цели.

Тој исто така смета дека ИД е различна од исламистичките милитантни групи кои дејствуваат во Јемен и Сомалија.

– Доколку некој сака да верува дека станува збор за војна со ИД, нека верува во тоа, но јас тврдам дека ова е сепак само антитерористичка операција, рече Кери.

Според него, ИД е „чудовиште самото за себе“ различно од другите слични групи, по тоа што во своите редови има голем број странци, што не е случај со јеменските групи или со оние во Сомалија.

Но, американскиот државен секретар смета дека без разлика на несогласувањата и изразените разлики, ИД како и сите другите, е дел од мрежата на Ал Каеда.

– ИД е и порано била дел од Ал Каеда, а менувањето на нејзиното име, не значи и менување на суштината на оваа милитантна исламистичка група, оценува Кери.

Државниот секретар на САД, во интервјуто, отфрли секаква можност за контакти со „режимот на Асад“ во Сирија, нагласувајќи дека „легитимитетот на режимот никогаш нема да биде обновен“.

Џон Кери објасни дека американската политика е да се оддели Башар ал Асад, кој ја има контролата во западниот дел од Сирија, со своевиден коридор, од источниот дел на земјата што сега го контролира ИД. Тој смета дека во такви услови сосема е јасно дека „не е тешко да се определат целите за напад“.

Кери признава дека „сириската опозиција“ како што американскиот секретар ги нарекува бунтовничките сили биле запоставени, но верува дека тие може да се повратат, ако добијат соодветна (воена) обука и ако се прегрупираат.

На вчерашниот состанок во Џеда, во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар разговараше и за финансирањето и обучувањето на сириските бунтовници на саудиска територија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија