А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фатен малолетник од Кондово кој физички нападнал две момчиња

by А1он12/09/2014 - 12:33124
Share0

СВР Скопје поднесе кривична пријава до малолетникот Ф.А. од село Кондово поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“, при што повредил две малолетни лица.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од страна на судија му е изречен притвор во траење од 30 дена.

Тој на 8 овој месец околу 21:30 часот физички нападнал двајца малолетници по што со нож им нанел повеќе убодни рани. Причина за нападот било одбивањето на малолетниците да му бидат другари, односно заедно со него да извршуваат кривични дела.

Малолетниците од страна на нивните родители се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им се констатирани тешки телесни повреди. Задржани се на понатамошно лекување, а на едниот од нив му е извршена и хируршка интервенција.

Следете a1on на Youtube YouTube

Следниот ден Ф.А. е фатен од страна на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА и е предаден во полициска станица.

Малолетникот е регистриран насилник, кој  во периодот од 2012 до 2014 е пријавуван за „учество во тепачка“ и „насилство“, како и четири пати прекршочно пријавен за физички напад.

mvr

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 10:1009/07/2026 - 10:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео