Македонската филхармонија, вечер во 20 часот, ќе одржи концерт во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе.
Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, оркестарот ќе изведе дела од Дворжак, Чајковски, Маскањи, Брамс, Хачатуријан, Офенбах, Штраус, Бернштајн, како и две од македонските композитори – Благој Цанев („Овчеполска свита“) и Сони Петровски („Пијан танец-Пајдушко“).
Со овој концерт, Македонската филхармонија ја продолжува традицијата на гостувања во градовите низ Републиката.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Македонија.