Фирмата „Тера“ од Скопје стана сопственик на градежната парцела во центарот на Гевгелија каде што се уште се наоѓа пазарот кој наскоро треба да биде префрлен на нова локација.
На локацијата што беше продадена по пат на електронско наддавање, предвидено е да се гради станбена зграда на местото на сегашното градско пазариште.
Катастарската парцела со вкупна површина од 683 метри квадратни е продадена по цена од 2.830 денари за квадрат и за 150 денари од квадрат е повисока од првично понудената цена.
Од општгината информираа дека на местото на сегашното градско пазариште ќе никне станбена зграда со висина на венец од 14 метри во кои ќе бидат сместени приземје, три ката и поткровје на градежна површина од околу 400 метри квадратни. Останатите,околу 300 квадрати ќе бидат преуредени во паркинг простор и зелена површина.