Средба на вицепремиерот Бесими со новата германска амбасадорка Алтхаузер

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, денеска во Скопје се сретна со новата амбасадорка на С.Р. Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.

Како што информира СЕП, на почетокот на средбата вицепремиерот и честиташе на амбасадорката за новата функција, и воедно се заблагодари за поддршката која Република Македонија во континуитет ја добива од Германија, посочувајќи ја како пример поддршката изразена на неодамна одржаната Берлинска конференција на која беше упатена јасна порака дека сите држави од Западен Балкан треба да имаат можност да се приклучат кон Европската унија кога ќе ги исполнат условите за пристапување.

– Евро-атлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на нашата земја, рече Бесими на средбата, осврнувајќи се на клучните резултати постигнати во однос на спроведените реформи во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, подобрувањето на меѓуетничките и добрососедските односи како и зголемување на економскиот раст и вработувањето.

Тој посочи дека очекува остварениот напредок да биде соодветно нотиран и валоризиран во есенскиот извештај за напредокот.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад