Светска премиера на филмот „Деца на Сонцето“ на фестивал во Лондон

Од:

Македонскиот филм „Деца на Сонцето“ во режија на Антонио Митриќески ќе има светска премиера на претстојниот Меѓународен филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон. Во Македонија филмот премиерно ќе биде прикажан на 1 октомври во Скопје.

Филмот добил покана да биде прикажан во рамките на официјалната програма, со уште 11 други филмови, со што го стекнува правото да се бори за главната награда на фестивалот во Англија. Тој се одржува од 24 септември до 5 октомври, а филмот „Деца на Сонцето“ ќе биде прикажан на 25 септември. Наредниот ден фестивалот организира гала проекција на овој македонски филм.

Неодамна на филмскиот маркет во Кан е потпишан договор со американски дистрибутер за промоција и проекции на филмот. Дистрибутерот веќе обезбедил и учество и во официјална конкуренција на фестивал во Америка.

– Овој филм го работев повеќе мислејќи на публиката. Ова е можеби мој „најкомерцијален“ филм. Критиките за него се позитивни. Изненаден сум од неговиот фестивалски успех, истакна режисерот Митриќески на денешната прес-конференција.

Во филмот улогите ги толкуваат Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ…

Актерите присутни на прес-конференцијата посочија дека во текот на снимањето на филмот имало извонредна соработка на сите вклучени во неговата изработка.

– Тој обработува топла приказна за која се надеваме дека ќе допре до луѓето, истакна Микиќ.

Неговиот колега, актерот Мето Јовановски рече дека филмот обработува приказна од, како што рече, нашиот секојдневен живот.

– Убеден сум дека нашата публика ќе сака да го види она што нашите уметници го создаваат. Ова е една прекрасна тема, со прекрасен амбиент, убава сценографија, рече Јовановски.

Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше култниот Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ