Вицепремиерот Бесими во работна посета на МЖСПП

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, денеска оствари работна посета на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) каде се сретна со министерот Нурхан Изаири и неговите соработници.

На средбата, информираат од СЕП, се разговараше за статусот на реализација на активностите во областа на животната средина, предвидени со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА).

– Беше истакнато дека е забележан напредок во усогласувањето на националното законодавство со правото на Европската унија, а воедно беа споменати и предизвиците во насока на активно имплементирање на политиката за животна средина во Република Македонија. Вицепремиерот Бесими потенцираше дека во поглавјето животна средина, Република Македонија е лидер во регионот и е особено важно земјата и во иднина да ги споделува своите искуства со останатите земји кандидатки, соопшти СЕП.

На средбата, се додава во соопштението, беше разгледано и спроведувањето на Инструментот за предпристапна помош – ИПА, што е од особено значење за реализација на реформите во животната средина. Во рамки на тековната ИПА, во компонентите за јакнење на институциите и регионалениот развој, за период од 2007 до 2013 година, подготвени се вкупно 45 проекти во секторот животна средина, во висина од околу 115 милиони евра. Проектите се наменети за изградба на инфраструктура за води, отпад како и за зајакнување на институционалните капацитети, согласно европските стандарди.

Серијата работни посети „ЕУ – ИПА Институционална Координација“ вицепремиерот Бесими ќе ја продолжи и со останатите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата