Полска со обвинување до Русија за намалаувањето на испораката на гас за 45 отсто

Од:

Полска ја обвини денеска Русија дека ја намалила испораката на гас, за 45 отсто, поврзувајќи го таквиот руски потез со кризата во Украина.

Според соопштението на полската државна компанија за енергија ПРНИГ, во понеделникот испораките на рускиот гас биле намалени за 20 отсто, а од вторникот за уште други 24 отсто. Обвинувањето од Варшава доаѓа само неколку часови по решението на Полска да го прекине снабдувањето на Украина со гас,преку „резервниот гасовод“ меѓу двете земји.

Намалувањето на дневната испорака на гас од Русија ја натера полската влада да го запре трошењето на гасот од резервите што таа ги има обезбедено. Двете земји се многу зависни од гасот од Русија.

Украина уште пред избувнувањето на сегашните непријателства,дополнително,води спор со Русија и за цената на гасот што го добива.

Таквите недоразбирања предизвикаа,во јуни годинава,руската страна да ја запре испораката на гас за Украина,па Полска,како и Унгарија и Словачка префрлаат дел од своите резерви за гас,во соседството,за да се задоволат украинските потреби. Во Варшава се верува дека намалувањето на руските испораки за Полска претствува „руска казна„ поради заобиколеното снабдување со гас на Украина.

Полска минатиот месец побара од Москва,зголемување на испораката,објаснувајќи го тоа со „претстојната студена зима“, но Русија го одби барањето.

Руската државна компанија „Газпром“ денеска ги отфрли полските обвинувања.Во соопштението на компанијата се вели дека како и во претходните денови,така и оваа недела, Русија и испорачува на Полска секој ден по 23 милиони кубни метри природен гас.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази