Кривична пријава за 37-годишен скопјанец за лажно претставување

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство со кривична пријава го предаде лицето И.С. (37) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „лажно претставување“.

На И.С. му е одредена судска мерка притвор во траење од осум дена.

Како што соопшти МВР,  завчера Б.Т. и Д.Ј.  во полиција поднеле записник за прием на кривична пријава против извесен И.Н., службено лице вработено во Управа за јавни приходи, за извршени кривични дела „примање поткуп“, „лажно претставување“ и „измама“.

Оштетените пријавиле дека пред околу еден месец во нивниот кафе бар „ГЕТ КАФЕ“ лоциран на ул. „Сава Ковачевиќ“ дошле две непознати машки лица кои порачале пијалок и го повикале оштетениот Д.Ј. – управител на правното лице „ГЕТ КАФЕ“, а потоа и оштетената Б.Т.. Претставувајќи се како инспектори од УЈП, едниот како И.Н., кој не се легитимирал со службена легитимација, од Б.Т. побарал лист за наводно да направи записник дека нема неправилности во работењето на кафе барот, по што Б.Т. го потпишала записникот, но не добила примерок од истиот. Другото непознато лице од неа побарало 3.000 денари кои им биле дадени од страна на нејзиниот сопруг Д.Ј., по што двете лица им кажале дека се е во ред и дека во иднина нема да имаат никакви проблеми со било која инспекција.

Пред да заминат, И.Н. на оштетената и го дал неговиот телефонски број потенцирајки дека може да го бара доколку има било каков проблем со инспекции и оттогаш па се до 9-ти овој месец во неколку наврати и се јавувал велејќи и дека нема да има никакви проблеми. Но, завчера откако повторно ја побарал и и кажал дека во вечерните часови ќе има контрола од инспектори од УЈП побарал од неа 6.000 денарии за да не ги донесе кај неа во локалот, со образложение дека ќе ги почасти инспекторите за да не вршат контрола во нивниот кафе бар. Оштетените по ова го пријавиле случајот.

По пријавата, од страна на СВР Скопје -Единица за економски и компјутерски криминал се превземени сеопфатни мерки и дејствија, при што истиот ден, на барање од И.Н. да се сретнат со оштетената пред кафе барот и да му ги исплати паричните средства, во непосредна близина на кафе барот „ГЕТ КАФЕ“, извршено е лишување од слобода на лицето И.С.. При извршениот личен претрес кај него се пронајдени шесте претходно обработени банкноти во апоени од 1.000 денари и со потврда за привремено одземени предмети се одземени.

Во изминатиот период против И.С. се поднесени кривични пријави во врска сторени неколку кривични дела „измама“: во 2006 година во фирмата „Просветно дело“ се претставувал како член на синдикатот на тогашно Електро Скопје, потоа во 2011 година измамил две физички лица – едното дека негов роднина наводно ќе му извади патна исправа, за што му земал 5.000 денари, а птоа и позајмица од 30.000 денари, а другото физичко лице го измамил ветувајќи му дека ќе купи патничко моторно возило за фирмата на оштетениот земајќи му 147.600 денари, како и 10.000 денари за регистрација, а сепак возилото што го купил го пишал на името на својот татко. И минатата година на физичко лице му ветил дека ќе му купи мотор од Грција во замена за неговото патничко моторно возило и притоа му земал 300 евра, а потоа уште 100 евра.

И.С. во крим евиденцијата се евидира и како сторител на кривично дело „затајување“ сторено во 2011 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет