Леден предизвик уби германски фудбалер

Од:

Стефан Клем (48), поранешен германски фудбалер, се поли со четири канти ледена вода со цел заради зголемување на свесноста за болеста АЛС, во популарниот Леден предизвик.

Наместо помош, на која привидно се алудира со овој предизвик кој го покрена светот во повеќе забавна отколку корисна насока, исходот испадна смртоносен. Почина од мозочен удар кој е предизвикан од полевање со студена вода.

Клем во младоста играл фудбал во германските регионални лиги, а на предизвикот се одзва кон крајот на август на фудбалскиот терен. После тоа со денови се жалел дека не му е добро и дека го боли вратот и грбот.

Никој не бил загрижен, затоа што многу време поминувал седејќи зад комјутерот.

Неговата невенчана сопруга го пронашла мртов во канцеларијата, а обдукцијата дополнително потврди дека починал од мозочен удар предизвикан од полевање со ледена вода.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани