За 24 часа 11 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Истата се случила во 18 часот на ул. „Методи Андонов Ченто“ во која учествувал мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје кој од непознати причини изгубил контрола врз мопедот, паднал на коловозот и истиот се здобил со тешки телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 15 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив пет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 13 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 22 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, од нив на 18 пешаци покрај поканата за наплата на глоба, им е издадена и покана за сообраќајна пука, како и 26 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 68 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција ќе реализира сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“. Истата ќе се одржи со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски