Бојкот на средношколците Албанци од средното хемиско училиште

Од:

Средношколците Албанци во скопското средно хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ веќе цела недела ја бојкотираат наставата.

Психологот и педагогот во училиштето да бидат Албанци, таблата на влезот да биде двојазична, да се вработат професори Албанци за предмети каде сега ги нема и заменик директорот на училиштето да биде Албанец се барањата кои родителите на учениците Албанци ги упатиле кон директорот на училиштето, Павле Павлов.

Според директорот, тој не е надлежен за спроведување на барањата, туку дека тоа е задача на државните органи и градот Скопје.

Учениците биле на училиште само првиот ден, а наредните денови доаѓале само пред училишната зграда.

Родителите на учениците се одлучни и не сакаат да го прекинат бојкотот.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование