Полскиот премиер Доналд Туск поднесе оставка до претседателот Бронислав Коморовски, бидејќи е именуван за претседател на Европскиот совет.
Туск кој на новата функција ќе стапи на 1 декември, ја соопшти веста за оставка на новинарите по денешниот состанок на Националниот совет за безбедност.
Претседателот Коморовски сега има две недели до Парламентот да предложи нов шеф на Владата.
Полскиот претседател веќе објави дека ќе ја поддржи кандидатурата за премиер на претседателката на Долниот дом на Парламентот Ева Копач, која беше предложена од владејачката партија Граѓанска платформа.