Мнозинството Американци го поддржуваат интензивирањето на американските воздушни напади врз џихадистите од групцијата „Исламска држава“ во Ирак, покажува анекетата на телевизијата Си-Ен-Ен.
Над три четвртини од учесниците во анкетата се изјасниле за дополнителни напади. Шеесет и два проценти се за испраќање на уште воена помош, а 83 отсто на цивилна.
Шеесет и еден процент се против испраќањето на американски војници во Ирак.
Седумдесет проценти од анкетираните стравуваат дека ИД е директна закана за САД и сметаат дека таа е способна за извршува напади на американска територија.