„13 Чуда од Македонија“ на фестивал во Италија

Од:

Македонскиот краток филм „13 Чуда од Македонија“ во продукција на „Трето уво“ од Скопје, влезе во конкуренција во официјалната програма на меѓународниот фестивал на археолошки филмови во Роверето, Италија.

Јубилејното 25-то издание на овој светски респектиран фестивал ќе се одржи од 7 до 11 октомври во Роверето, а ќе бидат прикажани вкупно 44 филмoви од 15 земји во светот: Италија, Франција, Америка, Шпанија, Малезија …

Филмот е посветен на македонската милениумската цивилизација, духовно и културно разгранетиот хоризонт на македонското постоење и ја позиционира Македонија како базична цивилизациска оска на Балканот, Медитеранот и Европа.

Во целиот пропаганден материјал, во печатените и електронските медиуми филмот и Македонија се најавувани под уставното име на државата.

„13 Чуда  од Македонија“ е единствен филм од балканските земји што успеа да влезе во официјалната конкуренција на овој престижен фестивал.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он