Џихадистите од ИД употребуваат американско оружје

Од:

Џихадистите од групацијата „Исламска држава“ употребуваат американско оружје, украдено од ирачката армија или од умерената сириска опозиција, на која Западот и пружа помош во борбата против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, се наведува во извештајот на организацијата „Истражување на оружјата, користени во конфликтите“ (Conflict Armament Research), објавен во Лондон.

Истражувањето ги базира своите заклучоци на сведочења на курдските единици, кои се обидуваат да го спречат напредокот на исламистите во Ирак.

Меѓу оружјата, кои ги користат џихадистите има големо количество на ракети „М-16“, а ракетите кои ги користат во Сирија се идентични на моделот М-79, доставен од Саудиска Арабија на бунтовниците од Сириската ослободителна армија, се наведува во извештајот.

САД инвестираа седум милијарди долари за вооружување и обука на ирачката армија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија