Хрватскиот тенистер Марин Чилиќ го освои гренд слем турнирот УС Опен откако во финалето го победи Јапонецот Кеји Нишикори со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 6:3).
Ова е 12 освоен турнир на 25-годишниот Чилиќ, но прв гренд слем наслов.
Хрватскиот тенисер беше надмоќен и подобар од Нишикори во текот на целиот меч.
Со триумфот на УС Oпен Чилиќ освои парична награда од 3 милиони долари ќе се пробие на деветото место на АТП листата. Иако поразен Нишикори ќе остане едно место пред Чилиќ, на осмата позиција.