Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, Законодавно-правната комисија, за труд и социјална политика и за економски прашања.

Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за средното образование, двата по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седниците на Комисија за образование, наука и спорт и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисија за труд и социјална политика ќе расправаат по Предлог-закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, во второ читање.

На агендата на седницата на Комисија за економски прашања   се предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за возила, на Законот за јавните претпријатија и на Законот за трговските друштва, сите во второ читање. 

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија седници денеска ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, Комисија за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе продолжи со дебатата по амандманите за Предлог буџетот на РМ за 2013 година. Продолжува и расправата за амандманите за Законот за бранител на Комисијата за труд и социјална политика, со која ќе претседава пратеничката Сузана Анова.

Единствена точка на дневен ред на Комисијата за европски прашања ќе расправа по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата во прво читање.

Членовите на Законодавно-правна комисија ќе расправаат по Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност, на Законот за странци и на Законот за заштита на природата, сите во прво читање. Оваа Комисија ќе се произнесе и по Предлог-законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка помеѓу владите на двете земји, како и по Предлог – законот за ратификација на Осмиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието