Поп и рок-бендови од Македонија и Бугарија на концерт во Куманово

Од:

Концерт на победниците на „Rock’n Pop The Borders” се одржа вчера на градскиот плоштад во Куманово. Бендови од Македонија и Бугарија настапија пред кумановци како дел од завршната манифестација на проектот финансиран преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка.

Проектот заеднички го имплементираат здруженијата Регионален центар за одржлив развој-Кратово и „Партнери – Дупница“ од Дупница, Бугарија.

На конкурсот се пријавиле 25 бенда, а избрани биле десет. На градскиот плоштад во Куманово настапија седум бендови од двете држави: „Problem Solved”, „TV Range“, „Визија” и „Polemique” од Македонија и „Enkhaosment”, „Chainsaw Babies” и „Bunch of Assholes” од Бугарија.

Според организаторите, целта на проектот е промоција и афирмација на младите автори на рок и поп музиката во двете држави. Тие очекуваат дека во регионот ќе се формира сцена на која  младите автори на рок и поп музика ќе се афирмираат пред новата публика. Проектот овозможува и откривање и поддршка на нови таленти.

– Овие бендови се натпреваруваа за избор за најдобра авторска песна за млади бендови од Бугарија и Македонија. На оваа манифестација и претходеа  повеќе активности, меѓу кои и основање на веб платформа  на која заинтересираните бендови можеа да се регистрираат, а потоа  следуваше онлајн гласање, изјави Јасмина Давитковска од Регионален центар за одржлив развој-Кратово.

Според Ѓорѓи Илиев од „Партнери – Дупница” од Бугарија, овој настан им овозможува на членовите на бендовите да најдат поширока публика во двете земји, да се експонираат и да се промовира урбаната култура во прекуграничниот регион.

Во рамките на проектот бендовите пред еден месец настапија и на концерт во Дупница, Бугарија. За овој проект од ИПА-Програмата за прекугранична соработка одвоени се 82.000 евра.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра