Завршена првата делница од булеварот „Трета македонска бригада“

Од:

Првата делница од проширениот и реконструиран булевар „Трета македонска бригада“ во Општина Аеродром денеска ќе биде пуштена за сообраќај.

Градежните активности за проширување и обнова на улицата „Трета македoнска бригада“ со коишто таа прераснува во булевар почнаа во октомври лани.  Реконструкцијата  се одвива од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата  со улицата „Никола Карев“.  Градежните работи во првата фаза го опфатија делот до улицата „Фрањо Клуз“.

Со проширувањето на првата делница долга 1.243 метри, се добиават четири коловозни ленти, по две во секоја насока и средишно зеленило.

Градот Скопје, според најавата, во проширувањето и обновата на „Трета македонска бригада“  вложува 133 милиони денари.

На свеченоста е најавено присуство на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски