Синдикатот за образование, наука и култура останува на барањето, да се стопира постапката за донесување на законските измени во основното и средното образование, кои се однесуваат на штрајкот, пренесе 24 Вести.
„СОНК и овој пат укажува на грубото кршење на Уставот, Законот за работни односи и меѓународните конвенции, а , свесно или не, министерот манипулира со тврдењето дека со измените не се крши правото на штрајк“, се вели во соопштението од СОНК.
Доколку продолжи процедурата за законските измени, кои по скратена постапка веќе се во Собрание, од СОНК најавуваат прекин на било какви преговори со министерството.