Нападнати двајца малолетници од околу 20 непознати лица во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

Од:

Група од околу 20 непознати машки лица вчера во 21.30 часот во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје ги нападнале Ш.Ш.(14) и неговиот братучед Ф.А.(14), двајцата од Скопје, кои биле во друштво на три женски лица на возраст од 14-15 години.

Како што соопшти денеска МВР, на Ш.Ш. и Ф.А. им пришло едно засега непознато машко лице кое по кратко време се вратило со група од околу 20 непознати машки лица и физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Двајцата нападнати со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Градската општа болница.

Од извршеното насилство лицата предизвикале страв кај трите женски лица кои избегале.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он