Пешак прегазен во Битола, возачот побегнал

Од:

Вчеравечер околу 19:45 минути во центарот на Битола се случи сообраќајна незгода на Широк сокак кај хотелот „Епинал“.

Според локалната „Тера“ телевизија, непознат сторител со автомобилил „рено меган“ со битолски регистарски таблички удрил во пешак и заминал во непознат правец.

Од СВР Битола велат дека пешакот во безсознание е пренесен на Клиниката во Битола. Од болницата информираат дека пацинетот е на одделението за интензивна нега и реанимацијата.

Возачот претходно со автомобилот ги скинал синџирите кои во летниот период секоја вечер се поставуваат на улицата кај „Епинал“, со цел да се постави слободна и безбедна пешачка зона за прошетка по Широк сокак, а потоа удрил во битолчанецот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи