Во Делчево синоќа гостуваше Народниот театар од Штип, кој во киносалата во градот ја изведе претставата „Самоубиство на осаменоста“, по текст на украинската писателка Неда Неждана и во режија на Александар Мирошниченко.
Во претставата учествуваа актерите Анѓелка Нашкова, Пеце Ристевски, Марија Минчева и Виктор Арев. Сценографијата ја изработи Владо Ѓоревски-Рафик, костимографијата е на Маја Кикириткова, а музиката на Бошко Симоновски. Преводот е на драматургот Трајче Кацаров и Ана Багрјана.
Настанот беше организиран во рамки одбележувањето 70 години од одлободувањето на некогашното Царево Село и по повод двата празника – општинскиот 7 Септември и државниот 8 Септември.