Празнични концерти на Влатко Стефановски и „Танец“ во Крушево

Од:

Концерт на Влатко Стефановски вечер и на ансамблот „Танец“ утревечер ќе бидат одржани во Крушево, кој годинава е Град на културата во Македонија.

Концертите се организирани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, кој е и ден на ослободувањето на Крушево од фашизмот пред 70 години.

Концертот на гитаристот Стефановски ќе почне вечер во 21 часот пред споменикот „Илинден“, а играорците од Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ ќе настапат утревечер на градскиот плоштад во Крушево од 20 часот.

Како што информира општина Крушево, доколку временските услови не се поволни, концертите на Стефановски и „Танец“ ќе се одржат во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“.

На 9 септември, пак, ќе биде затворена 57. копаничарска изложба посветена на Петре Филипоски-Гарката, која деновиве се одржуваше во Крушево. Завршувањето на изложбата ќе биде одбележано со гостување на битолскиот хор „Стив Наумов“, кој во храмот „Свети Никола“ во Крушево ќе настапи со духовна музика.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи