А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиев: Да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

by А1он06/09/2014 - 15:53122
Share0

Владата денеска апелира да се искористи можноста за бесплатна изработка на елаборати за легализација, мерка што се однесува за корисниците на социјална и постојана парична помош и за лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно.

Следете a1on на Instagram Instagram

Што побрзо го поднесат барањата толку побргу ќе добијат легализација и сопственост на имотот, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Од средината на минатиот месец, од кога тече рокот, до Агенцијата за катастар на недвижности чии служби ќе ги изработуваат елаборатите се поднесени 100 до 200 барања.

– Сакаме тој број да биде рапидно зголемен и да се овозможи поголема динамика и интензитет. Убедени сме дека со што побрзото поднесување на барања овие граѓани за кои важи ова право ќе имаат несомнено голема корист и по обем и по квалификации, рече Ѓорѓиев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Процедурата за поднесување на барањата, според него, е едноставна и не бара голема загуба на време, а е со нула трошоци.

– Лицата кои користат социјална или постојана парична помош треба да извадат потврда од центрите за социјална работа дека се корисници на таква помош и потврдата да ја однесат на шалтер во Агенцијата за катастар на недвижности, каде што ќе им биде даден образец да пополнат, да го пријават своето барање, да го запишат и бројот на поднесокот на основната легализација. Потоа во соодветен период ќе се реализира изработката на бесплатниот елаборат од страна на државниот Катастар, информира Ѓоргиев.

Лицата, пак, кои не користат социјална и постојана парична помош, но се со ниски примања до 168.000 денари годишно на ниво на домаќинство, треба да извадат потврда од Управата за јавни приходи и по истата процедура да ја достават до катастарот и да пополнат образец за реализација на ова право.

– Апелираме до сите овие лица за кои важи оваа можност во што побрз период да ги поднесат своите барања да добијат приоритет во изработката на овие елаборати и во една пократка процедура да можат да го реализираат своето право односно да го легализираат објектот во којшто живеа, истакна Ѓорѓиев.

Тоа, додаде, несомено ќе биде од голема корист за нив, за нивните семејства, за целокупното домаќинство, затоа што тие ќе добијат сопственост на тој објект, што се разбира дека значително ќе придонесе во подобрување на нивната економска состојба затоа што сопственоста којашто ќе ја добијат нуди и други можности, а се разбира и дека го зголемува обемот на вредност на посед на имот на домаќинствата.

Крајниот рок за доставување на елаборатите за легализација, како дел од документацијата за стекнување правен статус на објектите, е крајот на следната година.

– Сакаме граѓаните што поскоро да го оставарат ова право затоа што не сакаме да се фатат во определен цајтнот, гужви, туку да го направат тоа сега во овој брз период затоа што се овозможува економска корист за самите домаќинства. Што побрзо го поднесат овие барања толку побргу ќе добијат легалзиација на својот имот и сопствесност, ќе добијат определени економски можности во поглед на конкретно располагање во економскиот правен промет со имотот што го поседуваат, а се разбира дека ќе обезбедат и друга економска корист за своите домаќинства, изјави портпаролот на Владата.

За реализирање на мерката за бесплатни елаборати за корисниците на социјална и постојана парична помош и со ниски примања Собранието на 30 јули изгласа измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.

vlada

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто