Кери: САД формираат коалиција од десет земји за борба со „Исламска држава“

Од:

САД ќе формираат коалиција од десет држави, кои ќе имаат главна улога во борбата против сунитската џихадистичка групација „Исламска држава“ во Ирак, изјави денеска на самитот на НАТО американскиот државен секретар Џон Кери.

Во коалицијата влегуваат САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Данска, Турција, Австралија и Канада.

Кери ги повика овие земји да дадат на одреден начин свој придонес во борбата против „Исламска држава“.

– Тие сепак нема да испраќаат своите војници во Ирак, тоа е генералната црвена линија, нагласи тој.

Кери повика до почнувањето на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк подоцна овој месец да биде изработен план за борба против џихадистите.

– НАТО нема да учествува во никакви борбени операции во Ирак и помошта за таа земја во борбата против џихадистите ќе се доставува од поединечни држави партнери, изјави претставник на влада на земја од Западот.

Тој истакна дека се очекува денеска лидерите на Алијансата да договорат пакет за организирање на помошта за Ирак во областа на безбедноста, вклучувајќи и координација на доставките по воздух.

Според него НАТО ќе создаде центар, кој ги ќе координира предлозите за воени доставки и ќе ги обезбеди транспортните авиони.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација